Насловна / Хортикултура / Цвеќиња за разигрување на балконите

Цвеќиња за разигрување на балконите

cvekinja-za-balkoni-2.jpgСо доаѓањето на пролетта и покачувањето на температурите постепено ќе
почнат да се појавуваат и саксиите со цвеќе по балконите. Цвеќињата, кои
народот кај нас ги одгледува на балконите, најчесто се традиционални.
Најчесто се одлучуваме за сезонски цвеќиња како пеларгониумот,
вербената, петуниите, водениката и слично.

 

Кога станува збор за цвеќиња кои се садат во жардиниери, на гелендерите од балконите, секогаш предност добиваат висечките хибриди. Еден од најчесто употребуваните цветни видови се пеларгониумите. Овој вид со потекло од Јужна Африка, цвета доста долг период во текот на годината, од почетокот на пролетта, па се до зима. Важно е растението да биде одгледано на проветрено, топло и светло место.

cvekinja-za-balkoni-1.jpg

Преку зимата на пеларгониумот потребна му е температура како и во земјата на потекло 10-15оС, па затоа најдобро е да го засолните во затворен простор за да може да опстане до следната година. Со текот на времето растението оголува, па затоа треба постојано да се размножува за да го имате на балконите во континуитет повеќе години. Најлесен начин за размножување е вегетативно со резници долги околу 10 см. Ако почвата е многу влажна, подолг период, се случува да почнат да му гнијат корењата, а понекогаш се образува сива мувла по листовите и пупките. Петунијата е многу убаво едногодишно цвеќе кое може да се сади во најразлични садови или во градината. Цвета од рана пролет па се до касна есен. Достигнува висина од 15 до 40 см, зависно од видот, а најпопуларни се ниските култивари. Доколку за размножување се користат хибридни семиња, декоративноста нема да изостане, но ако од истите растенија следната година се собере семето и се посее, единките ќе бидат со должина од 40 см што изгледа доста штуро. Истото се случува во услови кога петуниите ќе се расадат на позасенети експозиции.

cvekinja-za-balkoni-2.jpg

Цветовите на петуниите може да се сретнат во најразлични бои, како и во комбинација од повеќе бои. Најдобро се развива на сончеви експозиции, во богат хумус. Има потреба од редовно и секојдневно полевање преку летниот период. Постои специјално комерцијално ѓубриво за петунии збогатено со железо. Како дел од одржувањето на петуниите е тоа што редовно треба да се отстрануваат овенатите цветови, со што во голема мера би се продолжило времето на цветање. Вербената исто така често се среќава кај нас по балконите, иако не толку често како пелaргониумот и петуниите. Има поситни цветови, во најразлични бои. Потеклото и е од Јужна Америка. Освен по балконите може да се користи и во градините, како декор на алпинетумите, за висечки кошници и сандачиња. Цвета од април до октомври. Почвата треба да биде добро дренирана, бидејќи и вербената како и претходните многу страда од застоена вода во кореновата зона. Поднесува големи температурни амплитуди од 2 па се до 30оС.

cvekinja-za-balkoni-3.jpg

Без разлика на тоа што сите видови може лесно да се размножат, вегетативно или генеративно и наизглед е едноставно, сепак за размножување на квалитетен расад треба многу повеќе од љубов. Најдобро е нив да ги набавувате од проверени продавачи, затоа што таму квалитетот никогаш нема да изостане во поглед на издржливоста и естетскиот изглед на единката.

Испрати коментар

Scroll To Top